Достапни линкови

logo-print

Русија: уапсен осомничениот за убиството на 6 лица


Полицијата во Белгород, град во јужна Русија, соопшти дека го уапсила првоосомничениот за убиството на шест лица што се случи во понеделникот. Како што јави Итар- Тасс, локалното одделение на министерството за внатрешни работи доцна синоќа соопштило дека Сергеј Помазун бил фатен кога се обидувал да го напушти градот со товарен воз. Во соопштението се наведува дека тој пружил отпор при апсењето.
Истрагата претходно соопшти дека Помазун во понеделникот се обидел да ограби продавница за ловечка опрема, кога отворил оган и убил тројца вработени. Потоа тој украл оружје и муниција и кога излегол убил две тинејџерки, а подоцна со автомобилот прегазил уште едно лице.
XS
SM
MD
LG