Достапни линкови

logo-print

Бомбашки напади во Пакистан, 8 загинати


Најмалку 8 лица загинаа во два одвоени бомбашки напада во јужен Пакистан, чија цел била попречување на претстојните избори.
Бомбаш самоубиец со своето возило удрил во контролен пункт во Куета во близина на шиитска област, при што загинале 6 лица, а 30 биле повредени. Лидерот на Демократската партија Хазара, Халик Хазара изјави дека најверојатно тој бил целта на нападот, бидејќи им се обраќал на насобраните луѓе во таа област непосредно пред нападот. Хазара, шиитско малцинство, беше напаѓано неколку пати оваа година во областа Куета.
Во Карачи, пак, две лица на мотор фрлиле бомба врз седиштето на движењето Мутахида Кауми, при што загинале две лица, а 15 биле повредени. Ова движење е една од секуларните партии во Пакистан и е цел на закани од страна на Талибанците во пресрет на изборите закажани за 11 мај.
XS
SM
MD
LG