Достапни линкови

logo-print

Осомничените ги отфрлија обвинувањата за напад врз воз


Двајцата осомничени за наводно планирање на исфрлување од шините на патнички воз во Канада, вчера се појавија во суд, отфрлувајќи ги обвиненијата против нив. Чихиб Есегејер и Ред Џејсер се соочуваат со обвиненија кои вклучуваат и заговор за „убиство на непознати лица заради корист, во насока на, или во соработка со терористичка група“.
Канадската полиција соопшти дека овие две лица имале поддршка од елементи на Ал Каеда во Иран. Двајцата беа уапсени во понеделникот во одвоени акции.
Иран отфрли секаква поврзаност со двете осомничени лица, а министерот за надворешни работи Али Акбар Салехи ги нарече обвинувањата „навистина смешни“.
Според локалните медиуми, канадските власти добиле дојава за наводен заговор од страна на еден имам, кој пријавил сомнително однесување.
XS
SM
MD
LG