Достапни линкови

logo-print

Попоски-специјалност на Грција е да пронаоѓа изговори


Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Не е наш начин да им приоѓаме на работите со цел да изнаоѓаме изговори. Тоа е специјалност на некој друг, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски, како одговор на вчерашната порака на неговиот грчки колега Димитрис Аврамопулос дека Македонија не ги исполнува реформите и не е подготвена за влез во Европската унија.
Попоски кој денеска присуствува на состанок на Северно-атлантскиот совет на НАТО порача дека Македонија останува на констатацијата на Европската комисија дека земјата е подготвена за отпочнување на преговори. Според него, клучот останува во Атина и изрази надеж дека во тој правец може да придонесат за еден конструктивен однос од јужниот сосед.
XS
SM
MD
LG