Достапни линкови

Јапонија со закана до Кина за спорните острови


Јапонскиот премиер Шинзо Абе изјави денеска дека земјата ќе биде принудена да одговори со сила доколку Кина навлезе во територијата на спорните острови. Осум кинески бродови запловија во близина на островите на Источнокинеското море за кои двете земји тврдат дека се во нивна сопственост. Предупредувањето од Абе е најексплицитното откако тој дојде на функцијата во декември.
Флотила од 10 јапонски рибарски бродови која пренесува активисти исто така се наоѓа во регионот, како и крајбрежната стража на земјата.
XS
SM
MD
LG