Достапни линкови

Чистење на охридското пристаниште


Почна чистењето на дното на Охридското Езеро кај градското пристаниште. Ќе се чистат и пристаништето во Св. Наум и дел во каналот Билјанини Извори.

Градежна механизација деновиве започна со чистење на дното на Охридското Езеро кај градското пристаниште од наталожениот муљ кој со години се создавал и им создаваше проблеми на охридските бродари при укотвувањето на бродовите. Ќе се чистат и пристаништето во Св. Наум и дел во каналот Билјанини Извори непосредно покрај едриличарскиот клуб и езерската полиција, делот кој е и најтесен и најплиток. Капетанот на Охридската капетанија Горан Устијаноски вели:
Плаќањето кон фирмата изведувач е со нафта од државните резерви, доделена за капетанија Охрид, односно за багерување на пристаништата во Охрид и Св. Наум.
Горан Устијаноски, капетан на Охридската капетанија:

„Плаќањето кон фирмата изведувач е со нафта од државните резерви, доделена за капетанија Охрид, односно за багерување на пристаништата во Охрид и Св. Наум“, вели Устијаноски.

Градското пристаниште последен пат било чистено во 2006 година. Од Капетанија очекуваат дека сите активности ќе завршат најдоцна за два месеци пред почетокот на туристичката сезона. Чистењето најмногу ги израдува охридските бродари. Сопственикот на бродовите Александрија Зоран Илески вели:
Крајно време беше да се преземе ваква активност затоа што долго време не е копано, затоа што порано кога се копаше тоа не беше направено како што треба.
Зоран Илески, сопственик на бродовите Александрија.

„Крајно време беше да се преземе ваква активност затоа што долго време не е копано, затоа што порано кога се копаше тоа не беше направено како што треба. Се надевам дека во соработка со капетанија и Министерството за транспорт кои излегоа на нашите барања безусловно во пресрет оваа работа се заврши безусловно, за да можеме да се одвива езерскиот превоз на патници и туристи без проблем“, вели Илески.

Устијаноски најави и проект за реконструкција на градското пристаниште во Охрид и пристаништето во Свети Наум кои се во лоша состојба. Двете пристаништа се градени во предвоениот период и забот на времето си го направил своето. Опстојуваат како резултат на екстра квалитетното градење во тоа време, податоци кои за тоа постојат во Историскиот архив:

„Мораме да го реконструираме градското пристаниште во Охрид со еден крак кој би затворал кругот околу постоечкото охридско пристаниште и со изградба на еден нов крак и би се формирал еден поголем простор за поголемите пловни објекти. Уште сме во фаза на подготвување на проектот. Јас верувам дека поради поддршката која ја добиваме од владата дека ќе дојдеме со реализација во едно брзо разумно време“, вели Устијаноски.

Со ова бројот на помали пловни објекти кои ќе можат да се укотвуваат на самото пристаништето би бил околу 200.
XS
SM
MD
LG