Достапни линкови

Ердоган не се откажува од посетата на појасот Газа


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека ќе отпатува во посета на Појасот Газа во мај и покрај барањето на САД тој да го одложи патувањето. Според него, посетата никогаш не била доведена во прашање.
Во минатата недела американскиот државен секретар Џон Кери го повика Ердоган да го одложи патувањето за Појасот Газа, бидејќи тоа ќе се одрази врз американските напори за заживување на мировниот процес на Блискиот Исток.
XS
SM
MD
LG