Достапни линкови

Русија ќе постави ракетен систем во Белорусија


Русија планира да распореди четири напредни антиракетни батерии во Белорусија во наредната година. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шоигу ја објави веста за време на средбата со белорускиот претседател Александар Лукашенко во Минск. Тој изјави дека двете земји работат на плановите да изградат руска воена воздушна база во Белорусија. Шоигу изрази надеж дека првите авиони би можеле да бидат распоредени во базата во 2015 година.
XS
SM
MD
LG