Достапни линкови

Израел го обвини Асад за употреба на хемиско оружје


Жртва на хемиски напад во сирискиот град Алепо

Жртва на хемиски напад во сирискиот град Алепо

Израелскиот генерал Итаи Брун ги обвини силите на сирискиот претседател Башар ал Асад за употреба на хемиско оружје за време на двегодишната цивилна војна во земјата. Според него, Израел верува дека Сирија неколку пати во изминатите месеци употребила хемиско оружје.
Говорејќи на воена конференција тој покажа фотографии од жртвите на хемиските напади, кои ги навеле аналитичарите дека бил употребен гасот сарин. Не е јасно кога биле направени фотографиите и како Израел дошол до нив.
XS
SM
MD
LG