Достапни линкови

logo-print

За Скопје 2014 неплатени околу 40 милиони евра


Министерството за култура за објектите од проектот Скопје 2014 треба да доплати уште околу 30 милиони евра. Во општина Центар, пак, разликата меѓу вредноста на набавката и исплатеното е 9 милиони евра.

Министерството за култура за објектите од проектот Скопје 2014 треба да им доплати уште околу 30 милиони евра на фирмите кои се задолжени за изградба. Според податоците кои Министерството вчера ги објави на прес-конференцијата недоплатени се три објекти.

За стариот театар останува да се доплатат 17,6 милиони евра, додека за изведување на градежно занаетчиски работи со ентериерна обработка за музејска поставка во Археолошкиот музеј треба да се исплатат повеќе од 8 милиони евра. Во податоците за Македонската филхармонија која сè уште е во изградба е наведено дека чини 7,4 милиони евра од кои исплатени се 5,1 милиони евра, но тоа не е конечна цифра затоа што во тек е јавна набавка за оператор за изведување на инсталации и ентериер.
Јас мислам дека не се работи за класично кажано страв, туку тоа е водење на деловна политика за да не си го изгуби местото кај инвеститорот и никогаш не кажува дали се должи или не се должи. Тие по свои линии си ја бркаат наплатата.

За Порта Македонија и Музејот на македонска борба за државност и самостојност, Министерството не исплатило вкупно 1,7 милиони евра, но тие нема ни да ги исплати поради договорна казна и неизведени позиции, е наведено во материјалите што вчера им беа поделени на новинарите.

Разликата меѓу вредноста на набавката и исплатеното за спомен обележјата на општина Центар изнесува 9 милиони евра. Имено, според материјалите што им беа поделени на новинарите, вредноста на набавката изнесува 63 милиони евра, а исплатени се 55 милиони евра.

Сè уште не се поставени сите споменици кои се делумно изработени, па на новиот градоначалник му останува да ја заврши таа работа. Дел од нив не спаѓаат во проектот Скопје 2014, но како што е наведено во материјалите, некој може да ги поврзе со проектот.

Досегашниот градоначалник Владимир Тодоровиќ најави дека спомениците на Неџат Аголи, Јосиф Багери и Пјотр Богдани, според неговиот план, треба да се постават до крајот на мај, а тогаш воедно треба да бидат готови и плоштадите Карпошово Востание и Пресвета Богородица.

За овие два плоштади кои сè уште се во изградба општината останала должна 5 милиони евра, обврска која ќе треба да ја реализира новиот градоначалник.
За Карпошово Востание се недоплатени договорите за фонтанската техника, партерно уредување и еден анекс договор во вредност од 1,4 милиони евра.
Веројатно и при нудењето самите фирми во најголем дел не знаеја што треба да понудат и мислам дека во најголем дел анексите се должат на непотполно и нестручно изработени технички документации.

За Плоштадот Пресвета Богородица чија вредност на набавката според надлежните изнесува 4,8 милиони евра, исплатени се речиси половина од парите. За Колонадата заедно со 9-те скулптури во бронза од 1,4 милиони евра исплатени се само 371.579 евра.

Во неформални разговори градежниците честопати зборуваат дека владата не им плаќа редовно за Скопје 2014, но фирмите никогаш јавно не проговорија колку им се должи, рече неодамна во разговор за Радио Слободна Европа, претседателот на Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија, Никола Велковски. На прашањето зошто молчат Велковски одговара:

„Јас мислам дека не се работи за класично кажано страв, туку тоа е водење на деловна политика за да не си го изгуби местото кај инвеститорот и никогаш не кажува дали се должи или не се должи. Тие по свои линии си ја бркаат наплатата. Ако се здружени во Комора и ако бараат за многу видови на заеднички проблеми да ги изнесеме пред Владата. Ова е горлив проблем затоа што да речеме градежништвото уште стотина други подизведувачи ангажира, тоа е една врзан синџир и ако не се плаќа кај првиот носител на договорот, сите тие што се во синџирот исто така имаат проблем со наплата и со ликвидност.“
Велковски вели дека поголемиот дел од фирмите кои се обучени и стручни во Македонија многу малку конкурирале за проектирање и изработка на техничка документација за Скопје 2014-та. Според него, една од причините е револтот кај архитектите затоа што во проектот се наметна стил кој е ретрограден, а тие сакаат да си остават белег на своето време. Потоа дел од проектантските куќи не се ни искусни во тоа што се бараше со тие стилови, затоа што тие не се познати многу кај нас, вели тој.

„И тоа веројатно во најголем дел направи проектите да бидат непотполни, да бидат непотполни и премерите и описите, а веројатно и при нудењето самите фирми во најголем дел не знаеја што треба да понудат и мислам дека во најголем дел анексите се должат на непотполно и нестручно изработени технички документации“, вели Велковски.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG