Достапни линкови

Грција со критики за политичката состојба во Македонија


По позитивниот извештај на ЕК за Македонија, Грција е уплашена дека нема да има повеќе аргументи на своја страна во спорот за името и токму затоа ги засилува критиките за политичката сосотојба во земјава, ја анализира професорот Димитар Мирчев изјавата на грчкиот министер за надвореши работи Димитрис Аврамопулос.

По позитивниот извештај на Европската комисија за Македонија, Грција е уплашена дека нема да има повеќе аргументи на своја страна во спорот за името и токму затоа ги засилува критиките за политичката сосотојба во земјава, ја анализира професорот Димитар Мирчев изјавата на грчкиот министер за надвореши работи Димитрис Аврамопулос во која посочува дека Скопје забележало значајно назадување, како резултат на политичката криза, а дека проблемите со добрососедските односи продолжуваат и се влошиле.
Тие оценки на Авромопулос, апсолутно се во несклад со извештајот и на Комисијата и на други препораки на Европскиот парламент и не верувам дека ќе бидат земени во предвид кога се одлучува за тоа прашање, за преговорите.

„Тие оценки на Авромопулос, апсолутно се во несклад со извештајот и на Комисијата и на други препораки на Европскиот парламент и не верувам дека ќе бидат земени во предвид кога се одлучува за тоа прашање, за преговорите.“
Средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција Никола Попоски и Димитрис Аврамопулос, 2012.

Средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција Никола Попоски и Димитрис Аврамопулос, 2012.


По тешката економска криза, позициите на Грција во меѓународната заедница се нарушени, а изјавата на Аврамоуплос е само доказ дека на секаков можен начин се обидува да го поврати својот углед, смета универзитетскиот професор Арсим Синани.

„Сакаат да ги искористат овие моменти за нивните позиции да бидат појаки во преговорите. Државата има тешки економски проблеми и само со националистичка реторика може да егзистира.“
Сакаат да ги искористат овие моменти за нивните позиции да бидат појаки во преговорите. Државата има тешки економски проблеми и само со националистичка реторика може да егзистира.

Иако изјавата на Аврамопулос е поблиска до критиките кои беа посочени во последниот извештај од Стејт Департментот, наспроти извештајот на ЕК, Мирчев се сомнева дека Грција ќе го употреби во своја корист.

„Се посочува и на извесни проблеми, некаде и на инциденти и слично, меѓутоа севкупно тој извештај не е негативен, така да не верувам дека може да се искористи од грчка страна.“

Грција не е во состојба да врши директен притисок за решавање на спорот за името, особено затоа што и самата има големи внатрешни проблеми, посочува Синани. Преговорите ќе продолжат, но тие ќе бидат тешки и долги, вели тој.

„Нивната изјава оди во контекстот дека ние нема да направиме никаков компромис во врска со влезот на Македонија во ЕУ. Македонија ќе влезе во ЕУ само кога ќе го направи компромисот.“

Меѓудругото во изјавата на Аврамопулос се вели дека Скопје има сериозни недостатоци во однос на слободата на медиумите и политичкиот плурализам и оти не треба да има никакви отстапки од европските критериуми оти во спротивно се очекуваат натамошни негативни случувања.

Од државните институции нема реакција на изјавата на Аврамопулос. Министерот за надворешни работи Никола Попоски е во Брисел, а владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски на роуд шоу во Бразил.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG