Достапни линкови

logo-print

Груевски во посети на Бразил, Аргентина и Мексико


Премиерот Никола Груевски во рамки на политичко економската посета на Федеративната Република Бразил се сретна со бразилскиот министер за надворешни работи Антонио Патриота, а синоќа и со потпретседателот Мичел Темер, со што ја почна економско-политичката посета по земјите од Јужна и Централна Америка, која ги вклучува Аргентинската Република и Соединетите Мексикански Држави.
На средбите е разговарано за можностите за продлабочување и интензивирање на економската соработка, трговската размена и соработката на полето на инвестициите, како и унапредување на севкупната соработка во сите сфери од заемен интерес.
XS
SM
MD
LG