Достапни линкови

Косовскиот Парламент доби двајца претставници во ПССЕ


Парламентарното Собрание на Советот на Европа реши да им овозможи на двајца претставници на косовскиот Парламент, еден од власта и еден од опозицијата, да учествуваат во работата на сите комисиии, со исклочок на комисиите за следење на обврските на земјите-членки на Советот на Европа и за правилници, имунитети и институционални прашања, без разлика кои прашања се наоѓаат на нивниот дневен ред.
Како што јави МИА, овие два косовски претставника нема да имаат право на глас, но можат да учествуваат во расправите кои се водат во ПССЕ, под услов да добијат дозвола од Претседателството. Ова следи по договорот Белград – Приштина за нормализација на односите.
XS
SM
MD
LG