Достапни линкови

Спречен терористички напад во Канада


Двајца мажи се уапсени во Канада и обвиниети дека планирале терористички напад на патнички воз во Торонто. Според канадската полиција уапсените добивале поддршка од Ал Каеда од Иран. Двајцата планирале да го исфрлат од шините патничкиот воз Виа Рејл. Според полициски извори, познато било дека Ал Каеда планирала ваков напад во Канада. Според упатените, двајцата осомничени биле водени од Ал Каеда во Иран, иако не добивале финансиска помош од оваа организација.
XS
SM
MD
LG