Достапни линкови

logo-print

Формално обвинет осомничениот за нападите во Бостон


Џохар Тсарнаев

Џохар Тсарнаев

Преживеаниот осомничен за бомбашките напади во Бостон и формално е обвинет за злосторства. Американското министерство за правда соопшти дека осомничениот за бомбашките напади во Бостон, Џохар Тсарнаев е обвинет за употреба на оружје за масовно уништување и може да се соочи со смртна казна доколку биде осуден. Министерството исто така соопшти дека Тсарнаев е обвинет за малициозно уништување на имот по пат на смртоносни експлозиви.
Деветнаесет годишното момче се наоѓа во болница во Бостон и состојбата му е се уште сериозна. Џохар и неговиот брат Тамерлан, двајцата етнички Чеченци, се обвинети за извршување на два бомбашки напади пред една недела, во кој загинаа три лица, а 173 беа повредени.
Џохар беше фатен минатата недела, по масивната потера во текот на која Тамерлан беше убиен. Бостон и други градови низ американската држава Масачусетс вчера одржаа едноминутно молчење поради бомбашките напади.
XS
SM
MD
LG