Достапни линкови

Израелските авиопревозници го прекинаа штрајкот


Израелските авиопревозници го прекинаа штрајкот поради кој илјадници патници не можеа да полетаат или останаа заглавени во транзит, соопшти министерството за финансии на оваа еврејска држава. Министертсвото наведе дека израелската влада ќе ја земе предвид загриженоста на авиопревозниците поради трошоците за безбедност во рамки на договорот за „отворено небо“ со Европската Унија. Авиопревозниците на тоа одговорија со прекин на штрајкот, а синдикатот соопшти дека ќе се откаже од намерата да ги запре сите полетувања на меѓународниот аеродром Бен-Гурион. Штрајкот започна завчера во знак на протест поради потпишување на договорот кој треба да почне да се применува од април 2014 година.
XS
SM
MD
LG