Достапни линкови

Власта соопшти: Скопје 2014 чини 207 милиони евра


Отчет за проектот Скопје 2014 - Досегашниот градоначалник на Центар Владимир Тодоровиќ, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, и шефот на службата за општи и заеднички работи на владата Васе Доневски.

Отчет за проектот Скопје 2014 - Досегашниот градоначалник на Центар Владимир Тодоровиќ, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, и шефот на службата за општи и заеднички работи на владата Васе Доневски.

Скопје 2014 чини вкупно 207 милиони евра, од кои за спомениците се потрошени 55 милиони евра, соопштија денеска министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и досегашниот градоначалник на општина Центар Владимир Тодоровиќ. Владата првично најави дека целиот проект Скопје 2014 ќе чини 80 милиони евра.

Не се плашиме од никаква ревизија за проектот Скопје 2014 изјавија денеска министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и досегашниот градоначалник на општина Центар Владимир Тодоровиќ на прес-конференција посветена на, како што велат, отчетност за проектот.
Ние не се плашиме од никаква ревизија, и ние еве како Министерство за култура сами побаравме ревизија од Државниот завод за ревизија, и таа ревизија е достапна за јавноста и навистина ми е драго што немаше никакви забелешки за процедурите.

Според податоците кои што ги објавија „Скопје 2014“ чини вкупно 207 милиони евра, од кои за споменици се потрошени 55 милиони евра. Во оваа цифра не се вметнати парите потрошени за собранието, мостовите и зградата за АЕК, МНР и јавната администрација, со што конечната сума дополнително ќе се зголеми.

Владата преку Службата за општи и заеднички работи потрошила 80 милиони евра, општина Центар околу 55 милиони евра и Министерството за култура околу 72 милиони евра. Во проектот Скопје 2014 се опфатени над 70 проекти.

Претходно новиот градоначалник на општина Центар Андреј Жерновски изјави дека ревизија за проектот ќе има.
Во почетокот на визуелизацијата е дадена сумата на она што е склучено во моментот како договор, но во текот на фазата, на целокупната реализација се склучени договори кои што во моментот ја даваат оваа сума, која е далеку различна од онаа што се шпекулираше и кажуваше во јавноста.

Министерката за култура изјави дека добро е да се има ревизија и да се следат процедурите кои се спроведени согласно законот.

„Ние не се плашиме од никаква ревизија, и ние еве како Министерство за култура сами побаравме ревизија од Државниот завод за ревизија, и таа ревизија е достапна за јавноста и навистина ми е драго што немаше никакви забелешки за процедурите.“

Тодоровиќ изјави дека во нивните пресметки се вметнати и парите планирани за одржување на спомениците.

На новинарското прашање зошто се чекало досега за да се споделат податоците за контроверзниот проект кога во изминативе 4 години за тоа прашање се молчеше, министерката истакна целта е да се сопрат шпекулациите кои кружат за него и покрај тоа што договорите биле објавени на Биро за јавни набавки.

Министерката се обиде и да одговори и на прашањето за разликата која настана од првично најавената сума од страна на Владата дека целиот проект Скопје 2014 ќе чини 80 милиони евра до онаа од 207 милиони евра која денеска ја соопштија.

„Во почетокот на визуелизацијата е дадена сумата на она што е склучено во моментот како договор, но во текот на фазата, на целокупната реализација се склучени договори кои што во моментот ја даваат оваа сума, која е далеку различна од онаа што се шпекулираше и кажуваше во јавноста.“

Според Тодоровиќ, не станува збор за фрапантна сума која се одвојува од буџетот на Македонија за проектот. За дилемите кои се отворија околу хонорарите на авторите на скулптурите Тодоровиќ изјави дека не се толку големи.

„На пример споменикот Христо Узунов чини 179.914 евра. Еве овде баш ми остави впечаток, за изведување на скеле 900 евра, материјал за изработка на 4 тона глина 700 евра, материјал за изработка на гипс, 3 тона гипс чини 500 евра, за лиење на негатив во гипс 4 илјади евра. Значи погрешна беше перцепцијата дека вкупниот хонорар за 60 илјади евра е во целост кај авторот.“

Според владините податоци авторката Валентина Стефановска за своето дело Воин на коњ, во јавноста познат Александар Македонски заработила хонорар од 649 илјади евра. Но, во оваа сума пари не биле вкалкулирани и трошоците за материјал, работници, комуналии, моделирање, струја, лиење во гипс и лиење во полиестер. Вкупната сума за сè е 10,49 милиони евра.

Министерката изјави дека Скопје 2014 го раздвижи градежништвото и 26 други гранки, а истовремено обезбеди раст на градежништвото за 3,6 отсто, бројот на туристите се зголеми за 54 отсто, со проектот се реализираа многу вработувања и се остварува заштеда на кирија,.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG