Достапни линкови

logo-print

Аврамопулос-Скопје назадува, добрососедските односи влошени


Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос во врска со извештајот на ЕК за Македонија изјави дека во периодот опфатен со пролетниот извештај на Европската комисија за земјата, Скопје забележало значајно назадување, како резултат на политичката криза. Во изјавата на Аврамопулос што ја објави грчкото МНР е наведено дека Грција ги истакнала сериозните недостатоци на Скопје во однос на слободата на медиумите и политичкиот плурализам.
Во врска со добрососедските односи, Аврамопулос порачува дека на сите им е јасно дека проблемите продолжуваат и се влошиле. Според него, не треба да има никакви отстапки од европските критериуми во спротивно, сигурно треба да се очекуваат натамошни негативни случувања.
XS
SM
MD
LG