Достапни линкови

Карзаи на средба со Кери за Пакистан


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и американскиот државен секретар Џон Кери

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и американскиот државен секретар Џон Кери

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ќе отпатува денеска во Брисел каде ќе се сретне со американскиот државен секретар Џон Кери и претставници на пакистанските власти со кои ќе разговара за мировниот процес на земјата. Неговиот кабинет соопшти дека средбата била договорена со цел да се обноват врските меѓу Кабул и Исламабад.
Тензиите меѓу двете земји во последно време се зголемија поради несогласувањата околу границата и неуспехот во процесот на помирување.
XS
SM
MD
LG