Достапни линкови

Иванишвили на средба со претседателот на ПССЕ


Грузискиот премиер Бидзина Иванишвили и претседателот на ПССЕ Жан Клод Мињон

Грузискиот премиер Бидзина Иванишвили и претседателот на ПССЕ Жан Клод Мињон

Грузискиот премиер Бидзина Иванишвили во Стразбур оствари средба со претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа Жан Клод Мињон. Иванишвили изјави дека разговорот бил фокусиран на натамошниот развој на односите меѓу Грузија и ЕУ и евроинтегративниот процес на земјата.
На средбата, според него, станало збор и за можноста за обновување на врските меѓу Грузија и Русија, кои беа прекинати по војната во 2008 година. Мињон додаде дека тие разговарале за политичката ситуација во Грузија.
XS
SM
MD
LG