Достапни линкови

МОСТ-гласањето ефикасно, но во тензична атмосфера


Граѓанската асоцијација МОСТ соопшти денеска дека според извештаите и информациите добиени од набљудувачите и од шесте регионални координатори, прелиминарната оценка е дека вчерашното гласање било спроведено ефикасно. Но, според нив во одредени избирачки места и надвор од нив гласањето се одвивало во тензична атмосфера која не придонесува кон градење на демократска култура и позитивен имиџ за изборниот процес во Македонија.
Од МОСТ наведоа дека како и во претходниот изборен круг, на одредени избирачки места во општина Центар се појавиле лица за кои имало сомневање дали живеат во општината, како и манипулација со граѓаните за денот на одржување на изборите. Тоа, според МОСТ, укажува на потребата од итна интервенција за отстранување на сите аномалии во Избирачкиот список, како и утврдување на одговорноста за евентуалните пропусти при ажурирањето на истиот
.Нивните набљудувачи во општина Долнени забележале семејно гласање, додека пак на избирачките места во Струга и Ѓорче Петров гласањето генерално се одвивало без нерегуларности.
XS
SM
MD
LG