Достапни линкови

ЕК препорача преговори со Србија


Европската комисија денеска препорача земјите членки на Европската унија да отворат преговори за членство на Србија во Унијата.

Во извештајот се оценува дека Србија направила значајни чекори кон одржливо подобрување на односите со Косово во согласност со заклучоците на Европскиот совет од декември лани.

Претходно ова, на социјалната мрежа Твитер го напишал и еврокомесарот за проширување Штефан Филе.


Филе кој учествува на денешниот министерски состанок во Луксембург навел и дека Европската комисија препорачала почеток на преговорите за Спогодба за стабилизација и асоцијација со Косово.

На ова и претходеа одлуките на владите на Србија и на Косово за одобрување на спогодбата за нормализација на односите меѓу двете страни што беше постигната во петокот во Брисел со посредство на Европската унија.

Во извештајот се оценува дека Србија направила значајни чекори кон одржливо подобрување на односите со Косово во согласност со заклучоците на Европскиот совет од декември лани.

Српскиот парламент за спогодбата ќе расправа во текот на неделава, а според најавите за неа ќе биде распишан и референдум.

Претходно, Собранието на Косово со големо мнозинство ја усвои резолуцијата со која се изразува поддршка на спогодбата која во Брисел беше парафирана од премиерите Ивица Дачиќ и Хашим Тачи.

За поддршка на спогодбата гласале 85, а против биле седум пратеници, главно од партијата Самопределување кои бараа прекинување на седницата.

Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај изјави денеска дека српските власти со потпишувањето на првиот договор за нормализирање на односите со Приштина го признале фактот дека Косово е независен политички субјект.


Тој во интервју за францускиот весник Кроа порача дека сега петте земји од ЕУ, Грција, Шпанија, Словачка, Романија и Кипар немаат никакви политички или законски пречки за да го одлагаат признавањето на Косово.

Во Митровица денеска митинг под мотото „Северот на Косово останува во Србија“, како отфрлање на спогодбата меѓу Белград и Приштина. Тие порачаа дека „е време за основање Собрание на Автономната покраина Косово и Метохија“.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG