Достапни линкови

Протест на Србите од Северно Косово


Србите од северниот дел на Косово денеска протестираа во Косовска Митровица од каде порачаа дека не го признаваат постигнатиот договор во Брисел за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина. На протестот, кој се одржа под мотото„Северно Косово и Метохија останува во Србија“ учесниците побараа српските граѓани да се изјаснат на референдум за предложениот договор. Тие оценија и дека „е време за основање Собрание на Автономната покраина Косово и Метохија“.
XS
SM
MD
LG