Достапни линкови

logo-print

Хоџај-Србија призна дека Косово е независно


Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај

Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај

Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај изјави денеска дека српските власти со потпишувањето на првиот договор за нормализирање на односите со Приштина го признале фактот дека Косово е независен политички субјект. Тој во интервју за францускиот весник Кроа порача дека сега петте земји од ЕУ, Грција, Шпанија, Словачка, Романија и Кипар немаат никакви политички или законски пречки за да го одлагаат признавањето на Косово.
Според него, на истиот начин и другите земји во светот, кои досега се колебаа поради своите врски со Србија треба да ја признаат косовската независност.
XS
SM
MD
LG