Достапни линкови

Вујановиќ победник на претседателските избори во Црна Гора


Филип Вујановиќ

Филип Вујановиќ

Државната изборна комисија на Црна Гора соопшти денеска дека Филип Вујановиќ победил на претседателските избори со освоени 51,21 отсто од гласовите. Според конечните резултати неговиот противкандидат Миодраг Лекиќ освоил 48,79 отсто. Одзивот на гласачите на претседателските избори на 7 април изнесувал 63,9 отсто. Изборниот штаб на Лекиќ соопшти претходно дека не ги признава резултатите од изборите. Ова е трет мандат на 58-годишниот Вујановиќ.
XS
SM
MD
LG