Достапни линкови

logo-print

Молк од владата за извештајот на Стејт департментот


Од Владата и МНР се уште без коментар за извештајот на Стејт департмент во кој во делот за Македонија се наведуваат неуспехот на владата целосно да го почитува владеењето на правото, мешањето во судството и медиумите, селективното гонење на политичките противници како и значително ниво на корупција на власта и полициска неказнивост. Со деловите во нивната надлежност се согласуваат Народниот правобранител и Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Извештајот на Стејт Департментот многу реално ги отсликува состојбите во земјава, особено во однос на човековите права и степенот на нивно почитување, вели Народниот правобранител Иџет Мемети. Поголемиот број забелешки кои опфаќаат неколку области се идентични со извештајот на омбудсманот, посочува Мемети, кој особено загрижувачка ја смета дискриминацијата по етничка основа.
Минатата година констатирав девет случаи на дискриминација по етничка основа, тоа пак рефлектира дека состојбите по однос на толеранцијата на заедниците е до тој степен да треба многу да се работи.

„Минатата година констатирав девет случаи на дискриминација по етничка основа, тоа пак рефлектира дека состојбите по однос на толеранцијата на заедниците е до тој степен да треба многу да се работи.“
Марш за толеранција во Скопје. Фото: ХЕРА(Асоцијација за здравствена едукација и истражување) 2012.

Марш за толеранција во Скопје. Фото: ХЕРА(Асоцијација за здравствена едукација и истражување) 2012.


И од Хелсиншкиот комитет велат дека извештајот на Стејт департментот е во насока на она што континуирано го потенцираат од оваа организација. Особено е важно тоа што овој извештај ја потенцира состојбата со медиумите во земјава, вели Уранија Пировска од Хелсиншки.

„Особено се укажува на она што се случува во медиумскиот простор или јас би кажала со окупација на медиумскиот простор од страна на центрите на моќ, со што и се загрозува состојбата на медиуми, но се загрозува и слободата на изразување.“
Такви симптоматики од типот на пристрасност при одлучувањето, во не мал број случаи е констатирано и од страна на Хелсиншкиот комитет и секако дека е очигледна тенденцијата преку институциите на системот, власта да се справува со своите неистомисленици.

Мемети не ги коментира забелешките за мешањето на државата во судската власт, оти како што вели тоа не е во надлежност на институцијата народен правобранител.

„Во делот каде што имаме надлежност, тоа е ефикасноста, односно брзото постапување ние успеваме на голем број граѓани кои бараат заштита од нас, да им ги забрзаме постапките, тоа е надлежност на нашата институција.“

Од Хелсиншкиот комитет, пак, потполно се согласуваат со забелешките во однос владеењето на правото и работата на судството. Од таму велат дека постојаниот мониторинг на Комитетот врз одредени судски постапки во кој е вклучен политичкиот елемент покажал дека постои пристрасност во одлучувањето на судските органи.
Архивска фотографија - Новинарите протестираа пред Основниот суд во Скопје.

Архивска фотографија - Новинарите протестираа пред Основниот суд во Скопје.


„Такви симптоматики од типот на пристрасност при одлучувањето, во не мал број случаи е констатирано и од страна на Хелсиншкиот комитет и секако дека е очигледна тенденцијата преку институциите на системот, власта да се справува со своите неистомисленици и со сите оние коишто на некој начин изразуваат критичка мисла кон владеењето на оваа влада.“

Реакција за извештајот на Стејт Департментот од Владата не добивме. Во наредните неколку дена владнин тим предводен од премиерот Никола Груевски е на роуд шоу во јужна Америка.

Од Министерството за надворешни работи изјава не добивме поради отсуството на министерот Никола Попоски кој присуствува на десеттиот Меѓународен форум за безбедност во Женева.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG