Достапни линкови

ЕК препорача почеток на преговорите со Србија


 Штефан Филе

Штефан Филе

Европската комисија денеска препорачала земјите членки на Европската унија да отворат преговори за членство на Србија во Унијата. Во извештајот се оценува дека Србија направила значајни чекори кон одржливо подобрување на односите со Косово во согласност со заклучоците на Европскиот совет од декември лани. Претходно ова, на социјалната мрежа Твитер го напишал еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Филе кој учествува на денешниот министерски состанок во Луксембург навел и дека Европската комисија препорачала почеток на преговорите за Спогодба за стабилизација и асоцијација со Косово.
XS
SM
MD
LG