Достапни линкови

Српската влада ја поддржа спогодбата со Косово


Српската влада на денешната седница ја одобри спогодбата за нормализација на односите меѓу Косово и Србија што беше постигната во петокот во Брисел со посредство на Европската унија. Во текот на неделава за неа треба да расправа и српскиот парламент. Во Митровица пак за денеска е најавен митинг под мотото „Северот на Косово останува во Србија“, како отфрлање на спогодбата меѓу Белград и Приштина. Претходно, Собранието на Косово со големо мнозинство ја усвои резолуцијата со која се изразува поддршка на спогодбата. За поддршка на спогодбата гласале 85, додека против биле седум пратеници, главно од партијата Самопределување кои бараа прекинување на седницата.
XS
SM
MD
LG