Достапни линкови

Српската влада денеска ќе расправа за договорот со Приштина


Шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон и српскиот премиер Ивица Дачиќ при потпишувањето на договорот.

Шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон и српскиот премиер Ивица Дачиќ при потпишувањето на договорот.

Српската влада денеска треба да расправа за договорот Белград-Приштина постигнат со посредство на ЕУ. Договорот им овозможува на косовските Срби да го контролираат и да управуваат со северниот дел на Косово кој е претежно населен со Срби. За возврат, тие би ја признале власта на владата на Косово. Договорот беше постигнат меѓу премиерите на Косово и на Србија, Хашим Тачи и Ивица Дачиќ. Српскиот парламент оваа недела треба да одржи специјална седница посветена на ова прашање. Лидерот на Српската напредна странка, вицепремиерот Александар Вучиќ изјави дека би можело договорот да биде ставен на референдум. Асошиејтед прес објави дека косовскиот парламент синоќа со 89 гласови „за“ и 5 „против“ го прифатил договорот.
XS
SM
MD
LG