Достапни линкови

Поради закани затворени училиштата во Лајден во Холандија


Лајден.

Лајден.

Властите во холандскиот град Лајден за денеска наредија затворање на 22 училишта, откако полицијата соопшти дека примила „сериозни закани“ дека во едно од нив се планира пукање. Полицијата информира дека не знае на кое училиште се однесува заканата објавена на интернет. Лајден се наоѓа североисточно од Хаг. Во 1999 година, четворица ученици и еден наставник беа ранети кога еден ученик испука 10 куршуми во училиште во градот Вегел на југот на Холандија.
XS
SM
MD
LG