Достапни линкови

Таткото на бостонските бомбаши тврди дека неговите синови се наместени


Апсењето на Џохар Царнаев.

Апсењето на Џохар Царнаев.

Таткото на осомничените за бомбашките напади на маратонот во Бостон изјави дека неговите синови се жртви на местенка. Анзор Царнаев, татко на Џохар и Тамерлан Цараневи, изјави дека обвинувањата против неговите синови „немаат никаква смисла“. Тој рече дека нема докази кои ги поврзуваат неговите синови со нападот во Бостон. При нападот на 15 април загинаа тројца луѓе, а околу 180 се повредени. Анзор Царнаев, кој е адвокат, рече дека ќе бара одговори од американските власти. Тој ги брани своите синови и вели дека тие не биле поврзани со радикални исламистички групи. И мајката на осомничените, вели дека нејзините синови се невини и дека биле „наместени“ од страна на американските власти. При обидот за апсење, Тамерлан Царнаев беше убиен, а неговиот брат Џохар е тешко повреден.

Бостон и другите градови во американската сојузна држава Масачусец денеска со една минута молчење ќе им оддадат почит на жртвите од нападите што се случија пред точно една недела.
XS
SM
MD
LG