Достапни линкови

Хејгел во посета на Израел


Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел.

Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел.

Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел денеска се среќава со високи претставници на Израел во Ерусалим, вклучително и со премиерот Бенјамин Нетанјаху. Разговорите веројатно ќе се фокусираат на Иран. Израел најави дека може да ги нападне иранските нуклеарни постројки ако почувствува дека дипломатијата и санкциите не успеваат да го запрат напредокот на Иран кон создавањето нуклеарно оружје. Хејгел вчера побара повеќе време за санкциите да почнат да даваат резултати, но додаде дека Вашингтон го признава правото на Израел да одлучи дали ќе преземе еднострана акција против Иран. Тој рече дека употребата на сила против Иран останува последно средство. За време на дводневната посета на Израел, се очекува Хејгел да го финализира договорот за испорака на американско оружје. Според него, тоа е „многу јасен сигнал“ за Иран.
XS
SM
MD
LG