Достапни линкови

Милионерот Хорацио Картес - нов претседател на Парагвај


Илустрација: Парагвај.

Илустрација: Парагвај.

Милионерот Хорацио Картес победи на вчерашните претседателски избори во Парагвај. Негов противкандидат беше Ефраин Алегре од владејачката Либерална партија. Со победата, Партијата Колорадо се враќа на власт која ја изгуби во 2008 година по речиси 60-годишно владеење. Картес е политички неискусен, а на десно-центристичката Партија Колорадо и се приклучи пред четири години. Тој вети реформи на партијата која е позната по корупција. Долгогодишното владеење на оваа партија ја вклучува и диктатурата на генералот Алфредо Штроснер од 1954 до 1989 година.
XS
SM
MD
LG