Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ му ја честиташе победата на Жерновски


Илија Димовски, шеф на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Илија Димовски, шеф на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ вечерва му ја честиташе победата на кандидатот на „Сојузот за иднината“ во општина Центар Андреј Жерновски. ВМРО-ДПМНЕ објави победа во општините Долнени и Ѓорче Петров, а освен за Центар, му ја честиташе и победата на кандидатот на ДПА Зиадин Села во Струга.

„Би сакал да им честитам за победата на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во овие две општини, но би сакал да им ја честитам и победата на кандидатите на СДСМ и ДПА во општините Центар и Струга. На сите нив им посакуваме плодна работа во која основна грижа ќе им биде интересот и потребите на граѓаните на општините каде тие станаа градоначалници“, изјави вечерва директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

На новинарско прашање дали ќе следуваат приговори пред Државната изборна комисија, Димовски одговори дека: „Ова е официјалниот став на партијата“.
XS
SM
MD
LG