Достапни линкови

Жерновски прогласи победа во Центар


Кандидатот за градоначалник на Центар од „Сојузот за иднината“ Андреј Жерновски.

Кандидатот за градоначалник на Центар од „Сојузот за иднината“ Андреј Жерновски.

Кандидатот за градоначалник на Центар од „Сојузот за иднината“ Андреј Жерновски прогласи победа на изборите по денешното прегласување на 29 од вкупно 66 гласачки места. „Сојузот за иднината“ објави дека според пребројани над 90 проценти од гласачките ливчиња, Жерновски има предност од над 2.500 гласови пред досегашниот градоначалник Владимир Тодоровиќ од ВМРО-ДПМНЕ.

Според ДИК, во овој момент Жерновски има предност од 1845 гласови, но сè уште не се пребројани гласовите од 7 избирачки места.
XS
SM
MD
LG