Достапни линкови

logo-print

ДПА објави победа во Струга


Зиадин Села ја славеше изборната победа и по минатиот круг.07 април 2013

Зиадин Села ја славеше изборната победа и по минатиот круг.07 април 2013

Демократската партија на Албанците прогласи победа во Струга на нивниот кандидат за градоначалник Зиадин Села. Во Струга денеска имаше прегласување на девет избирачки места во општината.

„На овие локални избори за кандидатот Зиадин Села гласаа 20.728 граѓани со право на глас, а за Кочоски 14.676 или разликата е 6.072 гласови предност за Села“, изјави портпаролот на струшкиот разгранок на ДПА Албрим Хоџа.

Прославата на ДПА во Струга за освоената доверба на локалните избори ќе се одржи вечерва во струшкото село Подгорци, каде, како што вели Хоџа, веќе заминале идниот градоначалник Села заедно со лидерот на партијата Мендух Тачи.
XS
SM
MD
LG