Достапни линкови

Заврши гласањето, тензии и неправилности во Центар


Лажни флаери за локалните избори 2013 во општина Центар.

Лажни флаери за локалните избори 2013 во општина Центар.

Гласачите, за кои опозицијата и дел од медиумите објавија дека се од Пустец со лични карти издадени во Центар и овој пат гласаа на неколку гласачки места. Во неколку згради во населбата Капиштец беа намерно расипани лифтовите, граѓани на Центар се жалеа дека им биле издишани гумите на автомобилите, а поштенските сандачиња на жителите беа полни се фалсификувани летоци со кои кандидатот на Сојузот за иднината Андреј Жерновски наводно ги повикува граѓаните да не излегуваат на гласање.

Денешното гласање на локалните избори заврши со бројни нерегуларности што ги забележаа набљудувачите, но и камерите на дел од медиумите. Денеска се прегласуваше вториот изборен круг во општините Центар, Струга и Ѓорче Петров, а се гласа во втор круг во општина Долнени, каде што имаше прегласување во првиот круг.
Утрово меѓу осум и осум ипол, лифтовите беа онеспособени меѓу катовите, а јас како претседател на оваа зграда и домаќинот не сме способни да ги пуштиме, чекаме сервисер. Јавивме на нашиот сервисер, но изгледа повеќе случаи имаат, имаат дежурна екипа, да овозможат да функционира лифтот. Ова е зграда со 13 ката, има луѓе со мали деца, човек кој живее на 12 кат има болно куче не може да го симне доле, сите по нас викаат оти ние сме одговорни за одржување и не можат да разберат дека не сме во можност ништо да направиме, дека некоја диверзија е во прашање.

Право на глас на 78 гласачки места на кои денеска се прегласуваше имаат 42.663 граѓани. ДИК соопшти дека излезноста до 17 часот е 53,73 отсто.

Најголеми нерегуларности беа забележани во општина Центар каде што се прегласува на 29 од вкупно 66 гласачки места, на кои се регистрирани 22.939 гласачи. Во скопски Ѓорче Петров се прегласува на едно гласачко место на кое се регистрирани 1.320 избирачи. Во Струга се прегласува на 9 гласачки места на кои се регистрирани 7.885 гласачи. Во Долнени се одржува вториот круг. На 39 гласачки места, право на глас имаат 10.519 луѓе.

Опозицијата најави дека нема да учествува во гласањето во Ѓорче Петров. Излезноста до 17 часот била 37,73 отсто.

Гласачите, за кои опозицијата и дел од медиумите објавија дека се од Пустец со лични карти издадени во Центар и овој пат гласаа на неколку гласачки места. Излезноста во Центар до 17 часот била 53,71 отсто. Во неколку згради во населбата Капиштец беа намерно расипани лифтовите, граѓани на Центар се жалеа дека им биле издишани гумите на автомобилите, а поштенските сандачиња на жителите беа полни се фалсификувани летоци со кои кандидатот на Сојузот за иднината Андреј Жерновски наводни ги повикува граѓаните да не излегуваат на гласање.
Ние ги набљудуваме изборите во Центар, но ќе почекаме да видиме како тече процесот. Има информации за нерегуларности, но ќе почекаме да ги провериме овие информации и потоа ќе го кажеме нашиот став.

Станарите од неколку згради Капиштец утрово забележале дека ни еден од лифтовите не работи, а зградите биле испишани со навредливи политички графити. Од куќните совети велат дека не станува збор за обичен дефект кој би можеле самите да го отстранат, туку за „стручна диверзија“ направена од некого, со цел да се намали излезноста на гласањето. Станува збор за згради со над 10 ката, во кои живеат по околу 500 жители и во кои има и постари луѓе кои не би можеле да одат пеш по скалите.
Слушнавме за дезинформациите пласирани преку летоци, но и за гласање на луѓе кои не се од Центар, туку се од Пустец, Албанија. На едно место наш претставник се обиде да разговара со претставник на избирачки одбор, но од другите лица во Одборот таа беше одвраќана да поразговара со нас.

„Утрово меѓу осум и осум ипол, лифтовите беа онеспособени меѓу катовите, а јас како претседател на оваа зграда и домаќинот не сме способни да ги пуштиме, чекаме сервисер. Јавивме на нашиот сервисер, но изгледа повеќе случаи имаат, имаат дежурна екипа, да овозможат да функционира лифтот. Ова е зграда со 13 ката, има луѓе со мали деца, човек кој живее на 12 кат има болно куче не може да го симне доле, сите по нас викаат оти ние сме одговорни за одржување и не можат да разберат дека не сме во можност ништо да направиме, дека некоја диверзија е во прашање“, сведочи претседателот на куќниот совет на една од зградите пред камерата на телевизијата Телма.
Илустрација: Гласање.

Илустрација: Гласање.


Прегласувањето во Центар го набљудуваа и странските амбасадори. На различни гласачки места се појавија американскиот амбасадор Пол Волерс, германската амбасадорка Гудрун Штајнакер и евроамбасадорот Аиво Орав.
Тензиите околу гласачките места кај Дом на градежните растат во попладневните часови, наводно поради очекување на бран гласачи од Пустец, Албанија, кои и минатиот круг на гласање предизвикаа сериозни сомневања за демографска интервенција во општина Центар.

„Ние ги набљудуваме изборите во Центар, но ќе почекаме да видиме како тече процесот. Има информации за нерегуларности, но ќе почекаме да ги провериме овие информации и потоа ќе го кажеме нашиот став“, изјави амбасадорот на САД Пол Волерс.

„Слушнавме за дезинформациите пласирани преку летоци, но и за гласање на луѓе кои не се од Центар, туку се од Пустец, Албанија. На едно место наш претставник се обиде да разговара со претставник на избирачки одбор, но од другите лица во Одборот таа беше одвраќана да поразговара со нас“, изјави Гудрун Штајнакер, амбасадорка на Германија.

Невладината организација Цивил што го набљудува и денешното прегласување, наведува бројни нерегуларности.

„Лифтовите на неколку висококатници на улица Народен Фронт и Васил Ѓоргов „мистериозно“ престануваат со работа. Тензиите околу гласачките места кај Дом на градежните растат во попладневните часови, наводно поради очекување на бран гласачи од Пустец, Албанија, кои и минатиот круг на гласање предизвикаа сериозни сомневања за демографска интервенција во општина Центар. Кај ФФМ неколку набљудувачи забележаа гласачи од Пустец, но и од општините Велес, Струмица, Кавадарци, Аеродром и Бутел, како и гласачи без место на раѓање. Во ходниците на ОУ Ј.Х Песталоци забележани се вооружени полицајци. Пред Домот на градежниците, припадници на полицијата во униформа и во цивилна облека легитимираат и ги запишуваат присутните новинари, а при тоа одбиваат самите да се претстават пред нив. Партиски активисти попречуваа телевизиски екипи и новинари да ја вршат својата работа на неколку избирачки места во Центар. Набљудувач на Цивил е попречен во својата работа од страна на изборната комисија на избирачкото место 2839. Јавно прозивање на гласачи во избирачкото место 2854 кај ФФМ. Според телефонско јавување од еден граѓанин, едно лице се однесувало насилнички кај избирачкото место 2808 во присуство на полицијата која, според јавувањето, не реагирала на ова однесување. Пред гласачкото место 2839 кај Работнички универзитет стојат партиски активисти и ги убедуваат граѓаните дека гласањето не е денеска, туку на 28 април или ги убедуваат дека тоа не е нивно гласачко место“, наведува Цивил.

Тие забележале неправилности и во Долнени.

Граѓанската асоцијација Мост денеска не држеше прес конференции, туку одлучи да ѝ се обраќа на јавноста преку соопштенија за медиуми.

„Според потврдените информации, дојавени од набљудувачите на МОСТ, во општина Центар, продолжува трендот на реакции на партиски набљудувачи поради појавата на лица за кои постои сомневање дека живеат во општина Центар, а имаат важечки биометриски документи и се запишани во Избирачкиот список. Оваа појава е забележана на дел од избирачките места во: ОУ Коле Неделковски, ДСУ за рехабилитација и образование Св. Наум Охридски, ОУ Јохан Хајнрих Песталоци, Фудбалски сојуз на Македонија на ул. 8-ма ударна бригада, како и во Домот на градежници, каде исто така е забележано е зголемено присуство на полицијата, гужва и тензична атмосфера во и пред избирачките места. На ИМ 2855 во Дом на градежници, општина Центар, претставници на медиумите кои биле застанати позади ИО, при евиденција на тројца гласачи ги снимале нивните лични документи. И покрај тоа што еден од членовите на ИО реагирал, претседателот на ИО не ги спречил бидејќи новинарите имале соодветна легитимација. Исто така двајца членови на ИО од соседното ИМ 2856, дошле до ИМ 2855 и со нивните мобилни телефони го снимиле настанот“, се наведува во соопштението од Мост објавено во 18 часот.

Тие забележале и случаи на семејно гласање на три гласачки места во Долнени.

Гласањето во Струга помина мирно во фер и демократска атмосфера, објави државната новинска агенција МИА. Според портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски досега не е регистриран ниту еден инцидент во избирачките места во градот и во четирите села каде што се прегласува. И претседателот на Општинската изборна комисија Џенгис Хани потврди дека не се пријавени никакви нарушувања на изборниот процес.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG