Достапни линкови

ДИК-до 17 часот излезност од 53,73 проценти


Државната изборна комисија соопшти денеска дека излезноста на ниво на цела држава до 17 часот е 53,73 отсто. Според ДИК, најмала е излезноста во општина Ѓорче Петров каде се гласа на едно изборно место, при што излезноста е 37,73 отсто. Највисока излезност има во општина Долнени, каде на 39-те избирачки места правото на глас го искористиле 63,50 отсто од гласачите. Во Општина Центар, каде се прегласува на 29 избирачки места, гласале 12 321 гласачи, или 53,71 отсто. Во Струга каде се прегласува на девет избирачки место излезноста е 43,40 проценти.
XS
SM
MD
LG