Достапни линкови

logo-print

Цивил забележала гласачи и од други општини


Лифтовите на неколку висококатници на улица Народен Фронт и Васил Ѓоргов „мистериозно“ престануваат со работа.Тензиите околу гласачките места кај Дом на градежните растат во попладневните часови, наводно поради очекување на бран гласачи од Пустец, Албанија, кои и минатиот круг на гласање предизвикаа сериозни сомневања за демографска интервенција во општина Центар.Кај ФФМ неколку набљудувачи забележаа гласачи од Пустец, но и од општините Велес, Струмица, Кавадарци, Аеродром и Бутел, како и гласачи без место на раѓање.Во ходниците на ОУ Песталоци забележани се вооружени полицајци.Пред Домот на градежните, припадници на полицијата во униформа и во цивилна облека легитимираат и ги запишуваат присутните новинари, а при тоа одбиваат самите да се претстават пред нив.
Партиски активисти попречуваа телевизиски екипи и новинари да ја вршат својата работа на неколку избирачки места во Центар. Набљудувач на Цивил е попречен во својата работа од страна на изборната комисија на избирачкото место 2839 Јавно прозивање на гласачи во избирачкото место 2854 кај ФФМ.Според телефонско јавување од еден граѓанин, едно лице се однесувало насилнички кај избирачкото место 2808 во присуство на полицијата која, според јавувањето, не реагирала на ова однесување.
Организиран превоз и агитирање се регистрира во Житоше, општина Долнени, каде е забележително големо присуство на полицијата. На полициско возило во с. Дебреште, општина Долнени, пред гласачко место е монтирана камера насочена кон влезот во гласачкото место.Пред гласачкото место 2839 кај Работнички универзитет стојат партиски активисти и ги убедуваат граѓаните дека гласањето не е денеска, туку на 28 април или ги убедуваат дека тоа не е нивно гласачко место.
XS
SM
MD
LG