Достапни линкови

Гласањето во Струга се одвива без инциденти


Прегласувањето во Општина Струга се одвива мирно, во фер и демократска атмосфера. Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски изјави дека досега не е регистриран ниту еден инцидент во избирачките места во градот и во четирите села каде што се прегласува. По 19 часот според него, ќе продолжи работата на полициските службеници во постизборниот период кога полицијата ќе врши обезбедување и непречен транспорт на гласачкиот материјал од избирачките места до ОИК.
И претседателот на Општинската изборна комисија Џенгис Хани потврди дека не се пријавени никакви нарушувања на изборниот процес. Според него, излезноста на граѓаните со право на глас до 17 часот е 43 проценти што е помала за разлика од претходниот круг во истото време. Повтореното гласање во Струга се одвива на девет избирачки места.
XS
SM
MD
LG