Достапни линкови

logo-print

Цивил регистрирал нови неправилности на гласањето


Набљудувачките тимови на Цивил на теренот и граѓаните по телефон, јавуваат за уште нерегуларности во повеќе гласачки места. Набљудувачите на Цивил регистрирале еден случај на јавно гласање на гласачкото место број 2817 во ОУ „Димитар Миладинов“. На истото гласачко место имало и обид да се попречи нивниот набљудувач да ја изврши својата задача.
Партиско агитирање и евидентирање на гласачи набљудувачите забележале во близина на речиси сите гласачки места. На неколку други гласачки места нивните набљудувачи биле предмет на испрашување и од набљудувачите на одредена партија. Партиски набљудувач му доставил усна поплака на набљудувач на Цивил дека пред ОУ „11 Октомври“ има легитимирање на гласачи пред да влезат на гласачките места. Неколку граѓани дале примери за тоа дека биле збунети од флаерите со лажен датум на прегласување.
На одреден број неподвижни граѓани не им било овозможено на да гласаат дома вчера иако на претходните два круга на гласање тоа им било овозможено. На едно гласачко место во Центар се забележува гласно вербално препукување меѓу партиски претставници на гласачко место.
Голем број граѓани се јавуваат на дежурните телефони на Цивил со информации за нерегуларности во текот на прегласувањето, односно гласањето за втор круг во Долнени. Набљудувачите на Цивил и граѓани на Струга јавуваат за видливо присуство на полицијата со возила на специјалните единици.
XS
SM
MD
LG