Достапни линкови

logo-print

Дачиќ-утре владата ќе одлучува за договорот со Косово


Српскиот премиер Ивица Дачиќ

Српскиот премиер Ивица Дачиќ

Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави дека утре ќе биде одржана владината седница на која ќе биде донесена одлука за прифаќање или отфрлање на предлог договорот со Приштина, јави Танјуг. Според Дачиќ Српската влада прва ќе донесе одлука за договорот, бидејќи таа е одговорна за надворешната и внатрешната политика на земјата, а потоа нејзината одлука ќе биде предадена на Народното собрание за верификација.
Тој порача дека ако владата го прифати договорот очекува Србија да добие датум за почеток на преговори за членство во Европската унија.
XS
SM
MD
LG