Достапни линкови

Авганистан-талибанците отсекле рака и нога на две момчиња


Авганистанските власти соопштија дека талибанците им отсекле по една рака и нога на две млади момчиња. Инцидентот се случил во покраината Херат, а жртвите работеле за приватна фирма за обезбедување која обезбедувала логистика за конвоите нa НАТО. Момчињата биле пренесени во болница.
Талибанците ја преземаа одговорноста за инцидентот. Според нив жртвите биле виновни за серија на грабежи.
XS
SM
MD
LG