Достапни линкови

Демократската партија на Србија против договорот со Косово


Демократската партија на Србија денеска ги повика претседателот и владата да поднесат оставка. Тие побараа и итно распишување референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали се за или против договорот со Приштина.
Потпретседателот на партијата Слободан Самарџиќ за време на денешната акција за собирање потписи против потпишување на договорот изјави дека актуелната власт не ја кажува вистината кога тврди дека постигнатиот договор е најдоброто можно решение во моментот. Според него, тие нема да се откажат од протестот се додека Северно Косово не се врати под управа на Србија.
XS
SM
MD
LG