Достапни линкови

logo-print

Цивил-прегласувањето започна со нерегуларности


Цивил соопшти дека прегласувањето на вториот круг во избирачките места во општина Центар започнало со нерегуларности, односно со прекршување на изборниот молк, но и со уникатен обид за манипулирање со гласачите. Според нив, во текот на минатата ноќ или рано утрово, флаери и писма се оставени во поштенските сандачиња и во влезовите на зградите насекаде низ општината каде што има прегласување, меѓу другите и во зградата во која се сместени канцелариите на Цивил.
Во едниот флаер и во писмото, од кое јасно се гледа дека е фалсификувано (кое наводно го пратил другиот кандидат за градоначалник) гласачите се повикуваат да излезат на гласање на 28 април, а во другиот флаер се повикуваат граѓаните да не излезат на гласање, затоа што ако излезат ќе победел кандидатот од партијата која што, пак ќе речеме, очигледно ги фабрикувала флаерите и писмото.
XS
SM
MD
LG