Достапни линкови

Дамјановски - Ме поддржаа Албанците, а не нивните партии


Куманово.

Куманово.

Албанските партии не ми дадоа политичка поддршка, туку добив индивидуална поддршка на граѓанството, вели градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски кој го започна третиот мандат.

Зоран Дамјановски третиот градоначалнички мандат за водење на Општината Куманово, како што вели, го започнува со силни амбиции во профилирање на започнатото во двата мандата, градење на едно просперитетно, економски развиено и европско Куманово. Дека европско Куманово не е само фраза, Дамјановски како доказ го посочува граѓанскииот концепт во текот на гласањето, без оглед на етничката и политичката припадност. Според него, можеби токму од Куманово ќе започне реконструкцијата на демократските процеси во државава. Токму затоа и во однос на претходните два по освојувањето на третиот мандат Дамјановски се чувствува погорд.
Успеав да го интегрирам Куманово, да го направам граѓанскиот концепт, не го поделив Куманово по етничка линија, туку заедништвото и разликите ги претворив во предност. Тоа го покажаа гласачите.

„Бидејќи ова беше тежок испит кој значеше оценка на моите претходни два мандата. Ако реално се погледне сликата во овие избори, имав против себе цела Влада на Македонија, од премиерот преку сите министри кои постојано беа во Куманово, имав против себе една група отцепени од СДСМ кои направија своја независна листа, Српската напредна странка и морам да констатирам дека албанските партии не ми дадоа политичка поддршка, туку добив индивидуална поддршка на граѓанството. Тоа ми дава голема храброст дека работата во изминатите два мандата била добра. Успеав да го интегрирам Куманово, да го направам граѓанскиот концепт, не го поделив Куманово по етничка линија, туку заедништвото и разликите ги претворив во предност. Тоа го покажаа гласачите.“​
Капитални инвестиции и локален развој и локални проблеми на локални заедници или „моето маало“. Основната заложба ќе биде подигање услови за економски развој. Економска зона со изготвен детален план е во атарот на селото Речица. Земјиштето од 600 илјади квадрати е под менаџирање на општината, за 60 капацитети до 12 илјади метри, мали фабрики од лесна незагадувачка индустрија, вклучување претежно домицилни инвеститори, создавање услови за луѓето кои работат во Авганистан и во Западна Европа, а кои имаат свој капитал. Со тоа ќе се зголеми број на вработувања и стандардот на граѓаните на Куманово.

Дамјановски во наредниот период ќе се зафати со реализирање на програмите од кои како приоритети ги наведува:

„Капитални инвестиции и локален развој и локални проблеми на локални заедници или „моето маало“. Основната заложба ќе биде подигање услови за економски развој. Економска зона со изготвен детален план е во атарот на селото Речица. Земјиштето од 600 илјади квадрати е под менаџирање на општината, за 60 капацитети до 12 илјади метри, мали фабрики од лесна незагадувачка индустрија, вклучување претежно домицилни инвеститори, создавање услови за луѓето кои работат во Авганистан и во Западна Европа, а кои имаат свој капитал. Со тоа ќе се зголеми број на вработувања и стандардот на граѓаните на Куманово.“

Во економската зона се очекува до 2,5 илјади нови вработувања, а од регионалните проекти ги издвојува:

„Парионица планирана во селото Доброшане за преработка на цврст отпад, за кој со Владата на Чешка е направена физибилити студија. Како регион според законските прописи на Македонија ќе се обидеме со јавно приватно партнерство да изградиме еден од најјаките економски и енергетски издржани капацитети. Инвестицијата е 70 милиони евра, нови 250 вработувања, вклучување на многу фирми во таа изведба. Со тоа што ќе имаме 10 мегавати производство на електрична енергија, топла вода за оранжериско производство во регионот и еколошки најисплатлив проект, каде цврстиот отпад од регионот ќе биде спалуван.“

Дамјановски додава дека преку европски фондови ќе се реализира и проектот за цевководот Куманово-Липково, за да се зајакне дотурот на водата од изворот Глажња. Со тоа ќе се надмине проблемот со водоснабдувањето. Ќе се заокружи изградба на комерцијално-административниот комплекс Чоробенско сокаче, аква-паркот и базенот, како и надминување на урбаните проблеми на месните заедници:

„Во наредните две години проектот „Моето маало“, опфаќа (до)изградба на улици, довршување и зајакнување на водоводната мрежа, особено во новите населби каде има диви објекти кои се во фаза на легализација. Ќе започнеме таму каде што се најургентни проблемите, меѓу кои и заостанати од минатото.“

Дамјановски додава дека ќе продолжи со социјалниот пакет за субвенција на вода и ѓубриво за социјално најранливите категории и стечајците и поддршка на центарот „Порака-Наша“, развој на спортот, изградба на спортски терени, нови две сали, три градинки и се она што може да го олесни животот на граѓаните. И покрај економската криза неповолна е и политичката состојба но Дамјановски е оптимист за справување со сите проблеми и успешно заокружување на претстојниот мандат.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG