Достапни линкови

logo-print

ДИК-отворени сите избирачки места каде има прегласување


Сите 78 избирачки места во четирите општини каде што денеска има прегласување од вториот круг на локалните избори се отворени во 7 часот и гласањето почнало без проблеми, информираше Државната изборна комисија откако ги собрала податоците на општинските изборни комисии.
Во Долнени на 39 избирачки места може да гласаат 10.521 лице, во Центар се гласа на 29 места од вкупно 66, и право на глас имаат 22.939 гласачи, во Струга на девет избирачки места со 7.885 граѓани и на едно избирачко место во општина Ѓорче Петров со 1.320 гласачи.
XS
SM
MD
LG