Достапни линкови

Неделен печат - Името во фокусот


Macedonia - PM Nikola Gruevski meets European Union foreign policy chief Catherine Ashton in Skopje - 16Apr2013

Macedonia - PM Nikola Gruevski meets European Union foreign policy chief Catherine Ashton in Skopje - 16Apr2013

Неделниците главно се преокупирани со причините за посетите на високите еврофункционери Кетрин Ештон и Штефан Филе на Скопје.

Неделниците главно се преокупирани со причините за посетите на високите еврофункционери на Скопје, Кетрин Ештон и Штефан Филе како првенци на европската дипломатија.
И покрај позитивните оцени во извештајот на Европската комисија и неофицијалните најави дека почетокот на преговори во текот на оваа година е реално сценарио, неодминливо е чувството дека, сепак, за разлика од Грција, Македонија е таа што се соочува со силен притисок.

Република - Името под притисок - од сите страни сардисани

во македонскиот блок победи ВМРО-ДПМНЕ, така во албанскиот победи владејачката ДУИ, но взаемно на сметка на демократијата во Македонија.
Тоа ја наведува Република на насловната да оди со поента насловена како: „Името под притисок - од сите страни сардисани“, за во анализата со наслов: „Скапаниот морков на врвот на стапот“, авторот да предупреди дека „не треба да им се верува на даровите ни кога партнерите ти ги даваат“. Всушност, пишува неделникот, како никогаш претходно, за само неколку дена, во еден глас голем број меѓународни и домашни ликови бараат интензивирање на решавањето на спорот за името (читај попуштање од страна на Македонија - според авторот на текстот). Ештон, Филе, Ховит, Санино, Нимиц и Ахмети се само дел од нив. И покрај позитивните оцени во извештајот на Европската комисија и неофицијалните најави дека почетокот на преговори во текот на оваа година е реално сценарио, неодминливо е чувството дека, сепак, за разлика од Грција, Македонија е таа што се соочува со силен притисок, смета Република.

Капитал - Евроинтеграциите во регионален пакет

Капитал, пак, смета дека посетата на Леди Ештон на Скопје ја одразува силната посветеност на ЕУ на регионот. Неделникот потсетува дека Ештон за прв пат го посетува Скопје и е силно ангажирана во преговорите Белград - Приштина, што само ги подгрева информациите дека влезот на Македонија во ЕУ и решавањето на спорот за името би можело да оди во таканаречен „регионален пакет“ - смета неделникот.

Глобус - Избори на кои се натпреваруваше државата со опозицијата

Глобус, од друга страна, сè уште се занимава со анализа на локалните избори 2013. Од неколкуте анализи на изборниот процес што ги објавува он-лајн магазинот ја издвојуваме онаа со наслов „Избори на кои се натпреваруваше државата со опозицијата“, при што се цитира една, како што пишува, разумна оценка дека како што во македонскиот блок победи ВМРО-ДПМНЕ, така во албанскиот победи владејачката ДУИ, но взаемно на сметка на демократијата во Македонија. Неделникот притоа го наведува мислењето на професор Мирјана Малеска, која според извештаите на меѓународните и домашните посматрачи заклучува дека на локалните очигледно имало злоупотреба на државната структура и дека изборните резултати се резултат на фактот дека една група политички партии, всушност, се натпреварувале со државата.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG