Достапни линкови

Сметките пред лековите


Горица и Петре Спасески.
Горица и Петре Спасески.

Семејството Спасески од Прилеп секојдневно се бори со животот, од една страна се болестите , а од друга страна високите давачки кои не можат да ги подмират со 7.000 денари колку што им се приходите.

Горица има 58, а нејзиниот сопруг Петре Спасески има 55 години. Двајцата се тешко болни, таа е инвалид на поранешната фабрика за текстил Политекс од Прилеп, а сопругот пред 8 години останал без работа, откако пропаднала фирмата Еуроламинати, дел од поранешниот гигант Еуроинвест 11 Октомври.
Често се случува да гладувам, гледам да остане повеќе, да има, и од тоа слушаме свиреж на стомакот, се знае од гладост како е и затоа можеби е и епилепсијата, в кујна ќе паднам, па во купатило, и момчево ќе ме види, па да ме крене, мене ми е тешка многу епилепсијата. А, настојувам да работам, ама од самата помисла на животот, затоа.
Горица Спасеска.

И тој и таа боледуваат од епилепсија, имаат страв од животот, од иднината, зашто живеат со нејзината скромна пензија од 7000 денари. Сметките за струја, вода, комуналии...тешко ги плаќаат, пари за лекови немаат доволно, ниту за храна, в раце го чуваат списокот од малскиот дуќан каде се пишуваат за да преживеат.
Горица Спасеска.
Горица Спасеска.

„Самиот живот ни тежи, чувството, оти и мозокот го снимав во Загреб, осетот ти е слаб, ми рекоа и кај и да паднам и да ме изгази кола не чувствувам ништо, и да ме изгази кола, по патиштава не сум сигурна за одење. И затоа ѕвониме во итна помош и ни велат докторите од таму, да си дојдите со такси, ама таксистиве не возат без пари, му велиме дека немаме пари, ни велат од каде знаете снајдете се“, се жали Горица.

Таа вели дека често се деновите ништо не јадат, кога немаат ни сув леб, за да преживеат, немаат избор, зашто знаат дека сметките мора да се платат.
Крајно тежок и неподнослив, не знам дали ќе го доживеам наредниот ден, тоа ми е најтешкото, од се се плашам, од немање финансиски средства, од болеста со срцето, епилепсијата, куп други проблеми што се соочуваме со извршителите, ние сакаме покрај сета мака што ја имаме сето да си биде редовно исплатено како што на секој граѓанин следува, ама е многу тешко.
Петре Спасески.

„Често се случува да гладувам, гледам да остане повеќе, да има, и од тоа слушаме свиреж на стомакот, се знае од гладост како е и затоа можеби е и епилепсијата, в кујна ќе паднам, па во купатило, и момчево ќе ме види, па да ме крене, мене ми е тешка многу епилепсијата. А, настојувам да работам, ама од самата помисла на животот, затоа“, со тага и со мака зборува Горица.

Петре не може да ги совлада солзите, вели наместо како маж во семејството да приходува, да носи пари за живот, тој е принуден секој ден да се бори со болестите, кои му го одзеле одамна здравјето, со години не може да се избори од депресивниот нервен синдром, кој е последица на проблемите со кои се соочува низ животот.

„Крајно тежок и неподнослив, не знам дали ќе го доживеам наредниот ден, тоа ми е најтешкото, од се се плашам, од немање финансиски средства, од болеста со срцето, епилепсијата, куп други проблеми што се соочуваме со извршителите, ние сакаме покрај сета мака што ја имаме сето да си биде редовно исплатено како што на секој граѓанин следува, ама е многу тешко“, зборува Петре, исплашен, несигурен како ќе преживее следниот ден.

Затворени во својот стан во населбата Точила, секој ден во немоќ и стравови се крстат пред фотографиите на Богородица, се молат да им даде сила, спас, да им помогне да опстанат во животот. Двајцата молат добрите луѓе да им помогнат, да не останат на улица, да не ги избркаат и од станот, зашто еве и по години им остануваат уште 2.000 евра за доплата на станот, кој што го добиле некогаш од фирмите. Заробени во својата немоќ, во својата тага, сиромаштија, во болките, плачат двајцата, го сонуваат своето внуче во Ресен, тагуваат зашто немаат пари да појдат да го видат, да му се радуваат, да му купат играчка.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG