Достапни линкови

Почна изградба на џамија во Тирана, една од најголемите во Европа


Тирана.

Тирана.

На свечен начин денеска ставени се темелите на Големата џамија која се наоѓа во центарот на Тирана, на плоштадот пред парламентот. Таа ќе биде една од најголемите вакви верски објекти во Европа, со простор за молитва за околу 10 илјади верници, јави дописникот на МИА од Тирана.

Во обраќањето пред големиот број присутни премиерот Сали Бериша овој настан го оцени како историски.

„За Тирана и за Албанија 20 април, денот на раѓањето на Мухамед претставува голем и значаен ден зашто на овој ден ние ја почнуваме изградбата на најголемата џамија во главниот град и целата земја. Ова е голем настан зашто денес се одделуваме од предрасудите, кои дваесет години ја попречуваа изградбата на оваа џамија“, изјави Бериша.

Одлука за изградба на џамијата во средината на септември лани донесе Претседателството на албанската муслиманска заедница, нарекувајќи ја истата историска. Џамијата се гради на земјиште во сопственост на заедницата кое со одлука на владата и беше вратено во пролетта минатата година. Ќе биде површина од 2570 квадратни метри. Нема информации колку ќе чини нејзината градба и кој ќе го финансира тоа.
XS
SM
MD
LG